Подземни контејнери
Подземните контејнери претставуваат револуционерен начин на собирање и селектирање на отпад. Тие заштедуваат простор и го подобруваат изгледот на нашата околина. На површината, се што мозе да се види е стандардна корпа за собирање на отпадот, дизајнирана како уличен мебел кој што одлично се вклопува во околината. Сепак под површината се наоѓаат стандардни 1.1 литарски контејнери во кои се складира отпадот.
На тој начин се избегнува непријатната миризба од контејнерите, расфрлувањето на одпадот од кучиња скитници, поместување на контејнерите и отпадот од ветер или човечки фактор, и палење на отпадот, при со што се создава една почиста слика на нашите тротоари.
Благодарение на дизајнот и начинот на поставување, подземните контејнери заземаат многу помалку простор од стандардните контејнери како една од предностите на подземното складирање на отпад
Како специјален проект на нашата компанија овој производ е развиен во три изданија: еднострук, двострук и трострук подземен контејнер. Тоа значи дека секоја платформа е составена од еден, два или три стандардни 1.1 литарски контејнери при што се отвора можност за селектирање на отпадот: на комунален отпад, стакло и пластика.
Подземните контејнери се изработени од квалитетни материјали, отпорни на корозија што ги прави трајни и употребливи за подолг период. Надворешниот дел е изработен од фино обработен нерѓосувачки челик, така дизајниран да не пропушта непријатна миризба, а прима смет складиран само во вреќи до 60 л. На тој начин фрлањето на градежен сут, одпад од големи пакувања и друг кабаст материјал е сведено на нула.
Една од предностите кај овој тип на подземни контејнери е тоа што празнењето на контејнерите се врши со истите камиони кои до сега собирале отпад на начин што на истите се додава хидреаулична инсталација за поврзување со подземниот контејнер. На тој начин се заштедуваат дополнителни инвестиции од набавка на специјални возила за празнење на подземни контејнери или пак скапи надградби и кранови на постоечките камиони.
Празнењето се одвива на многу брз и едноставен начин. При кревањето на конструкцијата се извлекуваат контејнерите и после нивно празнење повторно се враќаат на своите позиции, а целиот процес трае само неколку минути.