КОИ СМЕ НИЕ

Друштвото за производство, трговија и услуги МЕТАЛ - АПОСТОЛОВ ДООЕЛ увоз извоз Кавадарци е основано на 10.01.2014 година.

Станува збор за нов семеен бизнис кој што произлегува од долгогодишно партнерство во градежништвото, а од почетокот на 2014-та година осамостоен и специјализиран во делот на металната индустрија.

Основната дејност на компанијата е преработка, изработка и монтажа на секаков вид на челични конструкции, профилирање и монтажа на секаков вид пластифициран и поцинкуван лим заедно со опшивни елементи, трговија и монтажа на изолациони панели. Од 2019-та година компанијата има развиено сопствен проект од идеа до реализација на подземни контејнери за подземно складирање и селектирање на комунален отпад, за кој што проект поседуваме сертификат за фабричка контрола на производство за заварување и спојување на челични конструкции издаден од Европска сертификациона куќа. 

Се работи за проект кој што е веќе реализиран во Општина Кавадарци кој што носи голем бенефит и дава дополнителен урбан лик на централното градско подрачје. Почетоците на компанијата се врзани со изведба на помали проекти во делот на челични контрукции и покривање со пластифициран лим од типот на реконструкција на кровни површини на стамбени објекти, помали производвени погони и магацини и сл. Денес компанијата располага со модерна опрема за изработка на челични конструкции, сопствена подизна техника за монтажа, современа опрема за заварување и стручен кадар, сопствена опрема за профилирање на пластифицирани и поцинковани лимови, машини за сечење и виткање на лимови.

0 m2

Сопствен производствен простор

0

години постоење

0 +

задоволни клиенти

СЕРТИФИКАТИ

Процесот на припрема и производство на нашите конструкции и производи се одвива во сопствени простории кои опфаќаат покриен простор од преку 4000м2 поделен во 3 дела. 1. Браварски дел каде што се изработуваат челичните конструкции, 2. машинска работилница за сопствени потреби опремена со универзални глодалки, дупчалки, фрези, машини за сечење и виткање на лимови. 3. Лимарски дел каде што се врши профилирање на пластифицираниот лим, изработка на опшивни елементи од пластифициран лим и припрема за монтажа. Во лимарскиот дел се опфатени повеќе модели на профилација на пластифицирани лимови и тоа:Профилиран лим ТР35/180 – Покривен лим наменет за обложување и покривање на сите видови градежни објекти. Благодарение на своите статички и естетски особини спаѓа помеѓу најпродаваните модели од групата на кровни покривачи. ; Профилиран лим ТР19/210 е кровен и фасаден профил кој се употребува за обложување на фасадни и помали кровни површини. Погоден е за изработка на спуштени плафони во хали, покривање на настрешници, гаражи, летниковци.. ; Профилиран лим ТР10 – Нископрофилиран лим наменет за обложување на структурни елементи, фасади ентериери.

Погоден е за изработка на стреи во комбинација со лимени кровови. ; Профилиран лим ТР05 -Нископрофилиран лим кој што најголема примена наоѓа во изработка на стреи како замена за пластичната ламперија. Исто така во Лимарскиот дел од нашата компанија се изработуваат и хоризонтални и вертикални олуци, слемиња, снегобрани и секаков вид на опшивни елементи од пластифициран лим како и голем избор на споен материјал. Целокупното производство се одвива под постојан надзор на стручните лица, како и согласно процедурите за работа. Во нашата работа имплементирани се ИСО стандарите за квалитет на производството ИСО 9001:2015, а покрај овие стандарди во секој производствен погон се имплементирани стандардите за безбедност и здравје при работа OHSAS18001 и заштита на животната средина ISO14001. Во рамките на својата работа компанијата ги има имплементирано и стандардите управување со енергија и енергетска ефикасност ИСО 50001. Зголемувањето на обемот на работа во делот на продажбата и монтажа на пластифициран лим ја насочија нашата компанија кон ширењето на асортиманот на модели на профилиран лим. Од почетокот на 2019 година нашата компанија започна со изработка на современа урбана опрема од типот на соларни (паметни) клупи, сервисни пултови за велосипеди,  и фитнес опрема за надворешна употреба. Иако сме релативно млади како компанија, при извршувањето на нашите работи се обидуваме да стекнеме доверба кај нашите клиенти и да станиме препознатливи на пазарот. Нашата компанија се карактеризира со посветеност и иновативност во работењето и работните процеси како и подигање на општествената одговорност на едно завидно ниво.

Секогаш посветени на квалитетот

Може да не контактирате од понеделник до петок од 08 до 16 часот.

НЕКОИ ОД НАШИТЕ ПАРТНЕРИ

kozuvcanka_1
opstina kavadarci
cermat_logo
komunalec
emsa_sped_-_macedonia
gradbapromet-logo
KAM-Market
logo
sloga prom
planum
urban invest
аеродром-бар-1024x306