Реконструкција на фонтаната во паркот на револуцијата во Кавадарци

Реконструкција на фонтаната во паркот на револуцијата во Кавадарци


 

Со големо задоволство ве известуваме дека нашата компанија Метал Апостолов, како изведувач на проектот, ја комплетираше реконструкцијата на фонтаната во паркот на револуцијата во Кавадарци (паркот спроти полициската станица).

Горди сме на успечно сработениот проект, но најважно од се на тоа што Кавадарци и Кавадарчани ќе добијат прекрасен парк со прекрсна фонтана која ќе го разубавува овој дел од градот.

Огромна благодарност до Општина Кавадарци за доделената одговорност и можност за реализација на овој проект.

 

КК „САНСАИ МЕТАЛ-АПОСТОЛОВ„ ОСВОИ 11 МЕДАЛИ

КК „САНСАИ МЕТАЛ-АПОСТОЛОВ„ ОСВОИ 11 МЕДАЛИ


 

На 7 март -2020 година во Спортската сала на ОУ „Крсте Петков – Мисирков“ во Скопје, се одржа Државно првенство за деца.На натпреварот учествуваа 450 натпреварувачи од 56 клубови од Македонија.Карате клубот „Сансаи – Метал Апостолов“ ги постигна следните резултати:Златни медали oсвоија :1. Филип Јанчев – кати поединечно 2010 година2. Ката тим машки 2009/2010 година во состав: Филип Јанчев, Саша Огњеновиќ и Филип Јосифов.3. Ката тим женски 2009/2010 година во состав: Марија Филипова, Кристина Цветкова и Сара Аврамова.Сребрени медали:1. Саша Огњеновиќ – кати поединечно 2010 година.2. Тамара Ристовска – кати поединечно 2008 година.3. Кристијан Митрев – кати поединечно 2007 година.4. Јован Божиноски – кати поединечно 2009 година.5. Ката тим машки 2007/2008 година во состав: Кристијан Митрев, Мартин Прстенков и Мартин Костов.Бронзени медали:1. Данка Стојкова – кати поединечно 2006 година.2. Матеја Божиноска – кати поединечно 2010 година.3. Надица Цветкова – борби поединечно 2007 година – 49 кг.

Освојувачите на медали се стекнаа со право на настап на Балканското првенство за деца што ќе се одржи од 24 до 26 април 2020 година во Истанбул, Турција.

Метал Апостолов поставува ограда на СЦ Јасмин Кавадарци

Метал Апостолов поставува ограда на СЦ Јасмин Кавадарци


 

Продолжува обновата на Спортскиот центар „Јасмин“. Се работи на реализација на проектот на општината за оградување на објектот.

Според планот со метална ограда во должина од 990 метри ќе се огради целата парцела на спортскиот центар. Оградата е висока 2 метри, а за нејзино поставување Oпштина Кавадарци од буџетот издвои 2.500.000 денари.

Паралелно со оградувањето беше извршена и реконструкција на рушениот камен потпорен ѕид на северната страна од фудбалскиот терен. Фирмата „Метал Апостолов“ како општествено одговорна, донираше обновување на камениот потпорен ѕид

 

Компаниите Инел Солар и Метал Апостолов ја донираа првата паметна клупа во Кавадарци

Компаниите Инел Солар и Метал Апостолов ја донираа првата паметна клупа во Кавадарци


 

Кавадарци полека станува урбано место за живеење. Овој град ја доби првата паметна клупа за комерцијална употреба. Компаниите Инел Солар и Метал Апостолов ја донираа првата паметна клупа во Кавадарци.

Клупата е поставена на градскиот плоштад и е опремена со соларни панели за производство на струја, полначи за сите типови на мобилни телефони, безжичен бесплатен интернет, држачи за велосипед како и компресор за воздух за велосипедите.